• петок, 22 ноември 2024

Одржана 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Одржана 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
Скопје, 3 јули 2022 (МИА)Народната банка продолжува со активностите за поттик и поддршка на научно-истражувачката работа. Одржана е 43. сесија на Клубот на истражувачите, на која беше презентиран наградениот труд на Конкурсот за годишна награда за истражувачки труд од макроекономијата и банкарството, што е уште една активност на централната банка за поттикнување на истражувањето. Станува збор за трудот насловен „Процена на дистрибуцијата на доходот во Северна Македонија: Пристап заснован врз претходно недостапни даночни податоци“ на младиот истражувач Димитар Фуна. -Фуна на презентацијата посочи дека целта на трудот, како што кажува и самиот наслов, е да се направи подобра процена на распределбата на доходот во земјава, преку употреба на алтернативен, нов сет податоци од даночната сфера. Со ова се гради нов, алтернативен пристап за оцена на доходната нееднаквост. Фуна посочи дека ваквата анализа би придонесла за зајакнување на видувањата за нееднаквоста во распределбата на доходот кај нас, како и нови податоци за носителите на политиките. По презентацијата, беше отворена дискусија помеѓу учесниците на оваа сесија на Клубот на истражувачите, соопшти Кабинетот на гувернрот на НБРСМ. 

Клубот на истражувачите е отворена платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер и може да се направи преку барање за членство на електронската адреса: info@nbrm.mk. Членовите на Клубот добиваат редовни известувања за сесиите и активностите на Клубот на истражувачите.

Сесиите се одржуваат квартално. Народната банка објавува повик до истражувачите за поднесување труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во септември годинава. хс/цр

 

 

 

Остани поврзан