• петок, 22 ноември 2024

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга

Скопје, 29 јули 2023 (МИА) -Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош. 

По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, наведуваат од МВР.

Порано денеска и од ЈОРМ соопштија дека Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и оти до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставиле предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан