• петок, 05 декември 2025

Одредени термините за следниот европски предизвик на одбојкарите на Штип УГД

Одредени термините за следниот европски предизвик на одбојкарите на Штип УГД


Штип, 25 ноември 2025 (МИА) – Одбојкарите на Штип УГД својот прв натпревар од шеснаесетфиналето во Челинџ купот против италијанската екипа Милано ќе го играат на домашен терен, на 10 декември, во салата „25 Мај“ во Радовиш, со почеток во 19 часот.
Актуелниот освојувач на трофејот во македонскиот Куп пред неполна седмица со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешки Кол Ил за да се најде во главната рунда од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Реваншот во Италија, одбојкарите на Штип УГД ќе го играат на 6 јануари од 17:30 часот во „Центро Павеси“ во Милано. ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан