• среда, 26 јуни 2024

Одредени термините за дуелите на Вардар со Веспрем во осминафиналето на ЛШ

Одредени термините за дуелите на Вардар со Веспрем во осминафиналето на ЛШ
Скопје, 14 март 2022 (МИА) – Познати се датумите и саатниците за осминафиналните дуели од ракометната Лига на шампионите меѓу Вардар и Веспрем. Македонскиот шампион првиот меч го игра на домашен терен. Средбата е закажана за 31 март во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот ќе се игра на теренот на унгарскиот тим на 6 април, исто така во 18:45 часот. Победникот од овој двомеч во следната фаза ќе се сретне со Алборг од Данска. зс/

Остани поврзан