• петок, 05 декември 2025

Одредени сите полуфиналисти на УС Опен

Одредени сите полуфиналисти на УС Опен

Њујорк, 4 септември 2025 (МИА) – Познати се четворицата тенисери кои ќе се борат за трофејот на годинашново издание УС Опен.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, додека Италијанецот Јаник Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

И двата меча ќе се играат утре (5 септември).

Во 2024 година на Грен слемот во Њујорк, Синер го победи Американецот Тејлор Фриц во финалето и стана првиот Италијанец во историјата што го освои УС Опен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан