Одредени двојките за првото коло од одбојкарските лиги во машка и женска конкуренција
- Со извлекување на броевите денеска беа одредени распоредите за новата сезона во Првата одбојкарска лига за мажи и за жени.
Скопје, 25.септември 2025 (МИА) – Со извлекување на броевите денеска беа одредени распоредите за новата сезона во Првата одбојкарска лига за мажи и за жени.
Најсилната машка лига сезонава ќе брои 12 екипи со оглед на тоа дека Вардар 1947 не достави пријава за настап во Првата лига во новата сезона.
Шампионот Струмица 47&72 одбраната на титулата да ја стартува на домашен терен против Јанта Волеј. Носителот на Куп пехарот и ланскиот финалист во плеј-офот Штип УГД, пак, ќе му гостува на Сушево 1978. Според пропозициите прволигашите во есенскиот дел ќе одиграат 11 кола еднокружен бод систем. Првите шест екипи потоа двокружно се играат уште 10 кола, а првите четири по таа фаза ќе разигруваат во плејофот за титулата. Првенството стартува на 25 октомври.
Двојки прво коло – мажи: Работнички 71&22 – Скопје, ГОК Борец – Лирија, Струмица 47&72 – Јанта Волеј, Универзитет во Тетово – Шкендија, Весна Пробиштип – Македонија Џио и Сушево 1978 – Штип УГД.
Одбојкарките на Јанта Волеј КВ одбраната на шампионската титула во Првата женска лига ќе ја стартуваат во Битола, против новиот прволигаш Пелистер Волеј. Бранителот на Куп-пехарот, Наковски Волеј, на домашен терен ја отвора сезоната со уште еден „новајлија“ Газели Волеј. Во женската лига ќе се играат двокружен бод-систем, а потоа првите осум екипи ќе играат во четвртфиналето од плејофот. Првенството почнува на 11.октомври.
Двојки прво коло – жени: Пелистер Волеј – Јанта Волеј КВ, Ускана Волеј – Вардар ЕМ, Наковски Волеј – Газели Волеј, Младост УГД – Фит Фан Волеј и Работнички Скопје – Струмица. мн/
Фото: ОФМ