• понеделник, 23 декември 2024

Одлука за основање Центар за култура на турската заедница во Северна Македонија

Одлука за основање  Центар за култура на турската заедница во  Северна Македонија

Скопје, 29 март 2023 (МИА) - Одлука за основање национална установа „Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија“ – Скопје е донесена денеска на седница на Владата, на предлог на Министерството за култура.

Како што информираат од владината прес-служба, НУ „Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија“ – Скопје ќе има за цел да ги негува, не само класичните уметнички форми, туку и постојано да ги следи и истражува модерните движења во сферата на културата и уметноста, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи врвни културни и уметнички достигнувања.

- Во образложението на предлагачот, Министерството за култура, е посочено дека во Република Северна Македонија работи и функционира само една национална установа којашто негува репертоар на којшто се застапени турски, македонски и светски драмски автори, а претставите се изведуваат на турски јазик со симултан превод на други јазици, односно само Националната установа Турски театар – Скопје, поради што е евидентен недостигот на културни институции за негување и афирмација на културните вредности од турската заедница во Република Северна Македонија, се вели во соопштението. сх/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан