• недела, 22 декември 2024

Одложен судскиот процес против Менди за силување

Одложен судскиот процес против Менди за силување
Манчестер, 12 јули 2022 (МИА) – Кралскиот суд во Честер го одложи денеска судскиот процес против фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, кој е обвинет за силување. Судскиот процес против левиот бек на англискиот шампион требаше да почне на 25 јули, а е одложен за 10 август. Менди се соочува со осум обвиненија за силување, еден случај на сексуален напад и еден обид за силување. Тој негира вина по сите обвиненија, освен едно за кое не се изјаснил бидејќи беше поднесено дополнително. Сите случаи за кои се товари Менди, наводно, се случиле во неговиот дом во близина на Манчестер во периодот од октомври 2018 година до август лани. Манчестер сити го суспендираше Менди, кој последниот натпревар за англискиот клуб го одигра во првото коло од минатата сезона против Тотенхем. ег/паг/

Остани поврзан