• вторник, 16 јули 2024

Одложен погребот на Сулејмани поради големиот број жртви во метежот на поворката

Одложен погребот на Сулејмани поради големиот број жртви во метежот на поворката
Техеран, 7 јануари 2020 (МИА) - Погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во американски воздушен напад во Ирак, е одложен откако во метеж на погребната поворка во неговиот роден град Керман загинаа најмалку 40 луѓе, пренесе иранската агенција Исна. Во извештајот не е наведено за кога е одложен погребот. Претходно беше соопштено дека во метежот настрадале 35 лица, а 48 се повредени, но во најновиот извештај бројот на загинати е зголемен на 40, повредени се 190 луѓе. паг/      

Остани поврзан