• петок, 05 декември 2025

Одложен натпревар во Примера поради лошо време

Одложен натпревар во Примера поради лошо време

Валенсија, 29. септември 2025 (МИА) – Натпреварот од седмото коло од шпанската Примера е одложен. Причината се лошите временски услови, а дуелот меѓу Валенсија и Овиедо е преместен за утре.

Дуелот требаше да се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Местаља“, а новиот термин е утре во 20 часот. Информацијата ја објави клубот домаќин на своите социјални мрежи.

Инаку, минатата година во овој период регионот на Валенсија беше погоден од големо невреме со големи материјални штети, а бројката на загинати беше околу 200. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан