• петок, 22 ноември 2024

Одложено судењето на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова

Одложено судењето на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба. Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште. Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година. Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска. ар/сп/

Остани поврзан