• понеделник, 23 декември 2024

Одложено денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“

Одложено денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“
Скопје, 9 септември 2021 (МИА) - Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје. - Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се одлага по добиено известие од Затворската управа дека еден од обвинетите е во изолација согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје. Следното рочиште, информираат од Судот, е закажано за 22.09.2021 година во 11:00 часот, а  определени се и термини за продолжување на расправата на 28.09, 6.10, 14.10, 15.10 и 21.10, 2021 година сите во 10:00 часот, за што веќе се известени странките во постапката. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација. аа/оџ/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан