• среда, 14 мај 2025

Одложени натпреварите во италијанската Серија А поради смртта на Папата

Одложени натпреварите во италијанската Серија А поради смртта на Папата

Рим, 21 април 2025 (МИА) – Сите денешни натпревари во италијанската Серија А се одложени поради смртта на папата Франциско, соопшти прес-службата на лигата.

Смртта на Папата беше објавена на 21 април. Тој имаше 88 години.

За денес беа закажани натпреварите:
Торино - Удинезе 
Каљари – Фиорентина
Џенова - Лацио и 
Парма - Јувентус.

Новите термини за овие средби ќе бидат објавени дополнително. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан