Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави
- Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзеле шест возила поради сомнение за фалсификат.
Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзеле шест возила поради сомнение за фалсификат.
Како што соопшти МВР, по добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за возила на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.
-Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, наведуваат од МВР. вг/
Фото: МИА Архива