• понеделник, 23 декември 2024

Оддадена почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година

Оддадена почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министрите за правда Никола Тупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје. Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата.
-13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола, се наведува во соопштението од владината пес-служба. ев/лв/

Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски

Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - На 13 ноември пред 78 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалничката на Градот Скопје Данела Арсовска положи цвеќе и им оддаде почит пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќе положија и делегации на Владата, на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, од Кабинетот на Претседателот на државата, од Собранието на Републикa Македонија, од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, од општините на Град Скопје, од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје, делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции. ев/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан