• недела, 17 ноември 2024

Одгледувачите на свињи од Малешевијата ќе протестираат поради најавената депопулација на свињите

Одгледувачите на свињи од Малешевијата ќе протестираат поради најавената депопулација на свињите
Берово, 20 септември 2022 (МИА) - Одгледувачите на свињи од Малешевијата најавија протест поради, како што велат, најавата за депопулација на свињите. Протестот, информираа денеска организаторите, ќе се одржи утре на регионалниот пат Берово - Виница пред споменикот во село Смојмирово. -Одговорно тврдиме дека во Малешевијата нема африканска чума и не може никој со сила да ни нареди да ги угинеме или да ни ги одземат свињите. Доколку има африканска чума, тука на овие простори слободно нека ни ги одземат свињите и не треба да не обештетат. Затоа на протестот ги покануваме ветеринарните инспектори од АХВ, како и градоначалниците на Берово и Пехчево џс ци слушнат нашитр бараеа, со цел ова да се реши на најдобар можен начин, велат организаторите. Според нив, одлуката за депопулација треба да се поништи за да не се случи најавеното насилно уништување на свињи. -После мирниот протест во среда, доколку не се исполнат нашите барања и не се смени одлуката, ќе ја блокираме цела Малешевија, со организирање на поголем штрајк и блокирање на патните правци на месноста Преведена, Обозна и кај селото Панчарево, 24 часа без прекин, посочија организаторите. За најавениот протест одгледувачите на свињи од Малешевијата се повикуваат на  решението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство во кое според нив стои дека во сите одгледувалишта со висок и среден ризик, како и во комерцијалните одгледувалишта со низок ризик кои имаат 10 и помалку крмаци кои се наоѓаат во 3 и 10 километри радиус околу големите комерцијални одгледувалишта (во кои спаѓа и свињарската фарма во селото Смојмирово во Берово), ќе се изврши депопулација со економско искористување на свињите. Во зоната од три километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до денес, додека во зоната од 10 километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до 20 октомври 2022 година. вс/мч/

Остани поврзан