• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
6 август 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули. Денеска е Св. маченичка Христина. Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом. Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Преображение Господово. Свети Мојсиј и свети Илија како претставници на Стариот завет и свети Петар, свети Јаков и свети Иван од Новиот завет биле сведоци на Исусовата слава. Апостолите од Новиот завет биле сведоци на Исусовото понижување и маките кои ги претрпел на Велики петок. Гледајќи толкава слава на Преображението Исусово, нивното срце се наполнило со радост и големо верување. ###

Остани поврзан