Одбојкарката Поповска и кајакарот Смилев ќе го носат македонското знаме на ЕМОФ Скопје 2025
- Матеа Поповска одбојкарка и кајакарот Кристијан Смилев ќе бидат знаменосци на Свеченото отворање на Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025
Скопје, 18.јули 2025 (МИА) - Матеа Поповска одбојкарка и кајакарот Кристијан Смилев ќе бидат знаменосци на Свеченото отворање на Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Оваа спортска манифестација ќе се одржува од 20.јули до 26.јули, а македонската делегација ќе биде една од најбројните со 181 спортист, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортови, што претставува историски момент за македонскиот спорт.
Натпреварите ќе се одржуваат во Скопје (на повеќе спортски борилишта), во Куманово и во Осиек, гимнастика.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 20.јули (недела) во СЦ „Јане Сандански“. мн/
Фото: МОК