• вторник, 02 јули 2024

Одбележување 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

Одбележување 70 години од раѓањето на Горан Стефановски
Скопје, 27 април 2022 (МИА) - Општина Центар соопшти дека денеска ќе одбележи 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски. По тој повод, во 17:30 часот градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на „Боемска улица 2“ (спроти слаткарницата „Зафир“), ќе го претстави муралот на Горан Стефановски, исцртан на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Потоа, во 18 часот во паркчето спроти општинските бараки (кај спомен-обележјето на Горан Стефановски), ќе се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодинешното одбележување на роденденот на Горан Стефановски, информираат од општината. рп/дма/

Остани поврзан