• понеделник, 23 декември 2024

УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на детето: На многу места правата на децата се на удар

УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на детето: На многу места правата на децата се на удар

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - На Светскиот ден на детето, сите заедно да направиме можности и простор, децата и младите да го кренат својот глас за прашањата што им се важни. Со давањето приоритет на правата и учеството на децата, можеме да помогнеме да се изгради подобра иднина за сите. Детските права се човекови права. Но, на многу места денес, правата на децата се на удар, се нагласува во пораката од УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на детето.

Оваа година се одбележува 30 годишнината од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето од страна на Република Северна македонија и 30 –годишнина од работата на УНИЦЕФ во земјата.

- Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Не е наша работа да ги зајакнуваме децата да се соочат со суров и бездушен свет. Наша работа е да ги воспитаме децата да го направат светот помалку суров и бездушен. Да ги направиме децата среќни секој ден!, велат од УНИЦЕФ.љм/са/

Фото: УНИЦЕФ

 

 

Остани поврзан