• понеделник, 23 декември 2024

Одбележан Денот на планетата Земја под мотото „Инвестираме во знаење - се грижиме за планетата“

Одбележан Денот на планетата Земја под мотото „Инвестираме во знаење - се грижиме за планетата“

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Со изложба на постер презентации изработени од ученици кои посетуваат настава во училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата и со практична демонстрација на ГЛОБЕ протоколите, денеска Министерството за животна средина и просторно плaнирање го одбележа 22 април, Денот на планетата Земја, кој оваа година се слави под мотото „Инвестираме во знаење – се грижиме за планетата“.

На настанот, претставници од Министерството ги запознаа присутните ученици со работата на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, говореа за неопходноста и за придобивките од редовното и навремено следење на квалитетот на медиумите од животната средина.

- Денеска со овој настан ги потврдуваме нашите заложби за спроведување на ГЛОБЕ Програмата која за нас претставува вонредно важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина преку нејзино спознавање и едукација на младите генерации, бидејќи тие се главни актери во промените за квалитетен живот и одржлива и зачувана животна средина, што ќе ја наследат од нас, истакна во своето воведно обраќање министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова.

Таа додаде и дека овогодинешната тема за Денот на планетата Земја јасно се пресликува и во вредностите кои ги застапува ГЛОБЕ програмата, каде Северна Македонија е вклучена уште од 1998 година и чија практична обука ја поминаа околу 60-тина професори од државава.

Воведни обраќања на настанот имаа и заменик-амбасадорот на САД во Северна Македонија, Ерик Мејер.

-Најдобар начин да се инвестира во нашата планета е да се инвестира во талентирани студенти како вас. Не само што работите за да го направите светот подоро место за себе, туку помагате да го направиме подобро место за сите нас. Јас сум оптимист за вашата иднина и иднината на оваа земја со луѓе како вас кои се фокусирата на прашањата за кои толку длабоко се грижите ве чекаат одлични промени, порача амбасадорот.

На настанот за 18 училишта беа доделени инфрацрвени бесконтактни термометри, донација од МЖСПП.

ГЛОБЕ програмата претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина. свс/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан