• четврток, 19 декември 2024

Одбележани „Еразмус плус" деновите во Крива Паланка

Одбележани „Еразмус плус
Крива Паланка, 15 октомври 2022 (МИА) - Основните и средните училишта од општина Крива Паланка на соодветен начин ги одбележаа Еразмус деновите од 13-15 октомври со низа активности за промоција на можностите што ги нудат „Еразмус плус" програмите на Европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и презентација на проектите што училишта во изминатите години ги имплементираа во рамки на овие програми.
Еразмус деновите во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка се реализираа повеќе денови, в.д. директорката Елена Ѓорѓиевска им ги врачи е-твининг ученичките ознаки за квалитет на училишните е-твинери и им посака успех во идните проекти. Е-твинерите во соработка со е-твининг амбасадорот, професорката Ивана Станковска, организираа и е-твининг штанд и споделија е-твинерски искуства со заинтересираните ученици и брошури.
Во основното училиште „Јоаким Крчовски“ на мини-голф теренот при кејот на Крива Река младите учеа како да играат голф споделувајќи „Еразмус" искуства. За оние кои сеуште не се дел од Еразмус програмата имаше дел во кој секој заинтересиран доби многу корисни информации за тоа како може да се приклучи, посочуваат од ООУ Јоаким Крчовски, Крива Паланка.
Во прославата на „Еразмус+" деновите 2022 година се вклучи и Европската куќа Крива Паланка, создадавајќи повеќе можности за сите.
-Заедно со своите локални и регионални партнери организиравме  забавен настан на кој прситните имаа можност да се запознаат со млади лица кои се веќе дел од Еразмус порграмата, како и организации и координатори кои се дел од истата, информираат од Европска куќа Крива Паланка.
На овој настан се одржа раскажување приказни - искуства од програмата и дисеминација на тема „Еразмус плус".ид/

Остани поврзан