• недела, 22 декември 2024

Одбележана 247 годишнината од независноста на САД

Одбележана 247 годишнината од независноста на САД

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Американската амбасада во Скопје вечерва ја одбележа 247. годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави.

На одбележувањето се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер која зборуваше за основачите на САД, за демократијата, за принципите, но и за партнерството со Северна Македонија.  

-Стремежот продолжува до овој ден, кога се соочуваме со стари и со нови предизвици. Така е и со нашиот сојуз, пријателството и сојузништвото помеѓу САД и Северна Македонија. Никогаш нема да го постигнеме недофатливото, „совршениот“ сојуз. Но принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме - не сами, туку заедно - ќе го водат нашиот сојуз напред, во истраен стремеж кон напредок, просперитет и безбедност, рече Агелер. 

 САД, додаде таа, се подобри, посилни и поблагородни, бидејќи имаме сојузници.

-Имаме партнери. Бидејќи имаме пријатели - пријатели како вас, како државата Северна Македонија, порача американската амбасадорка Агелер.  

На приемот присуствуваа претседателот на државата Стево Пендаровски и други членови на државниот врв, политичари од владејачките партии и опозицијата, претставници на дипломатскиот кор и на јавниот и политичкиот живот... ев/мд/

ФОТО: Принтскрин 

 

Остани поврзан