Ограбен домот на поранешниот германски репрезентативец Курањи
- Засега непознати лица ја ограбиле куќата на поранешниот германски фудбалски репрезентативец Кевин Курањи, објави денеска весникот Билд.

Штутгарт, 19 март 2025 (МИА) – Засега непознати лица ја ограбиле куќата на поранешниот германски фудбалски репрезентативец Кевин Курањи, објави денеска весникот Билд.
Според истиот извор, Курањи минатиот петок се вратил во својот дом во Штутгарт околу 22:40 часот и утврдил дека неговата куќа била провалена од крадци кои во тој момент сè уште се наоѓале во објектот.
Разбојниците успеале да побегнат, при што украле пари, накит и неколку чанти. Вкупната штета изнесува околу 150.000 евра.
Кевин Курањи во својата кариера настапуваше за Штутгарт, Шалке 04, Динамо Москва и Хофенхајм, постигнувајќи 171 голови на 431 натпревар. За Германија забележа 52 настапи и 19 голови, ред да ја заврши кариерата во 2017 година. ег
ФОТО: Фејсбук