• понеделник, 23 декември 2024

Ограбена куќата на Марез, штетата преку пола милион фунти

Ограбена куќата на Марез, штетата преку пола милион фунти
Манчестер, 31 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден бил ограбен домот на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Ријад Марез, пренесува „Сан“. Играчот беше отсутен кога разбојниците влегле во неговиот стан во центарот на Манчестер. Вкупно, штетата достигнаа околу 555 илјади фунти. Од фудбалерот е украден часовник од брендот „Ричард Мил“ вреден над 255 илјад фунти и два часовника „Ролекс“ со вкупна вредност од околу 85 илјади фунти. Исто така, на Алжирецот му украдоа пари во висина од над 61 илјада фунти, накит и фудбалски дресови во износ од повеќе од 166 илјади. зс/

Остани поврзан