• вторник, 17 декември 2024

Објавен составот на новата француска влада на премиерот Габриел Атал

Објавен составот на новата француска влада на премиерот Габриел Атал

Париз, 11 јануари 2024 (МИА) – Во Франција денеска беше објавен составот на новата влада на премиерот Габриел Атал.

Според Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, Стефан Сежурне е нов министер за надворешни работи, додека министерот за финансии Бруно Ле Мер и министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен ќе останат на нивните сегашни позиции.

Сепак, најголемото изненадување во реконструкцијата е Рашида Дати, блиска соработничка на поранешниот претседател Никола Саркози, која е назначена за нова министерка за култура. јт/

Остани поврзан