• понеделник, 08 јули 2024

Објавен повик за пријавување стручни лица за подготовка на нови наставни програми согласно Концепцијата за основно образование

Објавен повик за пријавување стручни лица за подготовка на нови наставни програми согласно Концепцијата за основно образование
Скопје, 5 март 2021 (МИА) - Министерството за образование и наука ја известува целокупната стручна јавност дека Бирото за развој на образованието објави Конкурс за ангажирање надворешни соработници кои заедно со советниците во Бирото, ќе ги изготват новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование. Се повикуваат сите наставници и стручни лица кои ги исполнуваат условите согласно конкурсот, кој се однесува на изработка на наставните програми од прво до петто одделение, да се пријават и да го дадат својот придонес за развој на воспитно-образовниот систем во нашата земја. - Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието посветено работат на зајакнување на тимот кој во следниот период треба да ги изготви новите наставни програми за учениците од прво до петто одделение, согласно наставниот план во неодамна усвоената Концепција за основно образование, се вели во денешното соопштение од МОН. сст/сп/

Остани поврзан