• понеделник, 23 декември 2024

Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди

Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди

Лондон, 21 март 2024 (МИА) - Објавени се номинациите за престижните британски „БАФТА“ телевизиски награди. Главни фаворити се ТВ-сериите „Круна“ (The Crown), „Среќната долина“ (Happy Valley) и „Црно огледало“ (Black Mirror).

„Круна“ влезе во потесниот избор во осум категории, што значи и најголем број номинации за ТВ-серијата што раскажува за британското кралско семејство. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 28 април, а свеченото доделување ќе се одржи на 12 мај. Следат некои од поважните номинации...

За најдобар глумец номинирани се: Брајан Кокс (за улогата во „Следоред“ / „Succession“), Доминик Вест („Круна“), Кејн Робинсон, „Топ момче“ / „Top Boy"), Папа Есиеду („Проектот Лазарус“), Стив Куган („The Reckoning“) и Тимоти Спал (за „Шестата заповед“).

Номинирани за главна женска улога се: Ањана Васан (за „Црно огледало“), Ен Рид („Шестата заповед“), Бела Ремзи („Последниот од нас“), Хелена Бонам Картер („Ноли“), Сара Ланкашир („Среќната долина“) и Шерон Хорган („Најдобри интереси“ / Best Interests“).

Во трката за најдобра драмска серија се: „Златото“ (The Gold) и „Среќна долина“ - и двете на продукциската куќа „Би-би-си уан“, „Бавни коњи“ (Slow Horses) (на „Епл ТВ плус“), „Топ момче“ (Нетфликс), „Големите момчиња“ (Канал 4), „Сонувајќи во црно“ (Dreaming Whilst Black), „Храбри девојки“ (Such Brave Girls) („Би-би-си три“) и „Извонредно“ (на „Дизни плус“).

За наградата за најдобра серија на светско ниво, на списокот се наоѓаат: „Мечката“ - на „Дизни плус), „Beef (Говедско)“ и „Class Act“ (Нетфликс), „The Last of Us (Последниот од нас)“ (Скај атлантик), „Љубов и смрт“ (Ај-ти-ви-ексд), „Следоред“ и „Емердејл“ (Ај-ти-ви-1).  си/ссм/

Фото: архива

Остани поврзан