• четврток, 21 ноември 2024

Објавени домаќините на следните пет Светски првенства во рагби

Објавени домаќините на следните пет Светски првенства во рагби
Лондон, 12 мај 2022 (МИА) - Светскиот рагби ги објави следните пет домаќини за три Светски првенства во женска конкуренција и две во машка. Англија е потврдена како домаќин на Светското првенство во рагби за жени во 2025 година. Светскиот совет за рагби, исто така, едногласно ја одобри Австралија како домаќин на Светското првенство за мажи во 2027 година и за жени во 2029 година. Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќини на машкиот турнир за прв пат во 2031 година и женскиот во 2033 година. Најскорешното Светско првенство се одржа во Англија во машка конкуренција во 2015 година, додека, Светското првенство за жени во 2021 година во Нов Зеланд беше одложено за подоцна оваа година поради пандемијата со коронавирусот. ар/

Остани поврзан