• сабота, 18 мај 2024

Објавена поетската книга „Триод, триади“ од Христо Петрески

Објавена поетската книга „Триод, триади“ од Христо Петрески
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА)Издавачката куќа „Македонија Презент“ од Скопје ја објави новата поетска книга „Триод, триади“ од авторот Христо Петрески. Книгата содржи 80 песни во кои се опеани теми од секојдневието, современоста, егзистенцијата, иднината. 

Сите песни се од три строфи, односно се во форма на триади. Како што објаснува авторот, во книгата се испишани стихови создадени за време на пандемијата, кога творците во изолација беа главно свртени кон себеси и интензивно создаваа свое ново творештво. 

Со оваа поетска книга Петрески го заокружува својот творечки поетски циклус создаден во карантински услови поради вирусот Ковид 19.бт/лв/

Остани поврзан