• понеделник, 23 декември 2024

Објавена новата програма Еразмус+ за периодот 2021-2027

Објавена новата програма Еразмус+ за периодот 2021-2027
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Европската комисија ја одобри и објави новата програма Еразмус+ за седумгодишниот период (2021-2027). Проектирана е со буџет од 28,4 милијарди евра за целиот период и е планирано да опфати повеќе од 10 милиони учесници, соопшти Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Агенцијата информира и за програмскиот водич за програмата Еразмус+, кој е објавен на официјалната веб-страница на Агенцијата и повикот за аплицирање за 2021 година. Повикот за предлог проекти ги опфаќа следните акции на програмата Еразмус+: Клучна акција 1 (КА1) - Мобилност за учење на поединци; Клучна акција 2 (КА2) - Соработка меѓу организации и институции; Клучна акција 3 (КА3) - Поддршка за развојот на политиките и соработката. -Секое јавно или приватно тело активно во областа на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Покрај тоа, групи млади кои се активни во работата на младите, но не мора во контекст на младинска организација, може да аплицираат за финансирање за мобилност за учење на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на младите, соопшти Националната агенција. Детали за условите на овој повик за предлог-проекти, вклучително и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус + 2021. хс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан