• вторник, 24 декември 2024

Обука за пинг-понг за лица со попреченост

Обука за пинг-понг за лица со попреченост
Скопје, 3 септември 2022 - На Спортскиот аеродром Стенковец денеска ќе се одржи обука за пинг-понг за луѓе со попреченост, во организација на Здружението на лицата со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје. Настанот не е ограничен само за лица со попреченост, бидејќи целта и мотивот на организаторот е  вклучување на сите што се заинтересирани за овие спортски активности. - Во пинг-понгот за луѓе со попреченост важат спортските правила со тоа што спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку едниот е во количка, другиот игра седејќи на стол. Овој вид вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен и забавен за деца/луѓе со интелектуална или физичка попреченост, соопшти организаторот. Настанот ќе опфати основи на играње тенис на маса (пинг-понг), вежби во групи и мал турнир. Обуката е од отворен тип е и не е потребна претходна најава за присуство. хс/лв/    

Остани поврзан