• вторник, 05 ноември 2024

О’Брајан: Испораката на вакцини во рамки на Ковакс до крајот на јануари

О’Брајан: Испораката на вакцини во рамки на Ковакс до крајот на јануари
Цирих, 7 јануари 2021 (МИА) - Испораката на вакцини против Ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот, координирана од Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на земјите со помали приходи, може да започне овој месец, изјави денеска шефицата на СЗО за имунизација Кетрин О’Брајан. - Потребни ни се околу 7 милијарди долари за да доставиме доволно вакцини во овие земји до крајот на 2021 година, рече О’Брајан, додавајќи дека веќе се собрани околу 6 милијарди долари. Според неа, Ковакс има пристап до над две милијарди дози вакцини. - Тие вакцини ќе започнеме да ги испорачуваме веројатно до крајот на јануари, а ако не, тогаш сигурно до почетокот или средината на февруари, рече О’Брајан. Таа изјави дека СЗО размислува за вакцини од „Астра Зенека“ и кинеските производители за вклучување во списокот за можна итна употреба. паг/

Остани поврзан