Обрадовиќ: Следам НБА само поради Јокиќ и Богдановиќ, системот на Евролигата е најдобар
- Тренерот на српскиот кошаркарски тим Партизан, Жељко Обрадовиќ во интервју за српското издание „Моцарт спорт“ изјави дека порано повнимателно ја следел НБА лигата.
Белград, 2 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на српскиот кошаркарски тим Партизан, Жељко Обрадовиќ во интервју за српското издание „Моцарт спорт“ изјави дека порано повнимателно ја следел НБА лигата.
-Порано повеќе ја следев НБА, да бидам искрен, многу повеќе. Сега се обидувам да го следам Денвер поради Никола Јокиќ, а Атланта поради Богдан Богдановиќ, изјави тренерот.
По повод разликите меѓу НБА и европската кошарка, стручњакот зборува и за актуелниот систем на Евролигата.
-Интересно за сегашниот систем е тоа што од гледна точка на Партизан е позитивен затоа што имаме голем број носители на сезонски билети. Луѓето се свесни дека ќе ги видат сите останати 17 екипи, плус натпреварите од Јадранската лига. Претходно имаше групи и можеа да поминат години за да го видат Реал Мадрид, на пример. Сегашниот систем е најдобар затоа што играш против сите, смета Обрадовиќ.
Тој го истакна развојот на Евролигата и важноста на нејзината лидерска улога.
-Бројот на натпревари се зголемува и во оваа смисла се приближува до НБА, но Евролигата ја водат сериозни и интелигентни луѓе и не се сомневам дека ќе го направат она што е најинтересно за навивачите, додаде еден од најтрофејните тренери во Европа. дс
Фото: Архива