Обрадовиќ: НБА не ги сака европските тренери
- Шефот на стручниот штаб на Партизан, Жељко Обрадовиќ смета дека НБА не гледа со исти очи кон тренерите од Европа.
Белград, 26 август 2021 (МИА) – Шефот на стручниот штаб на Партизан, Жељко Обрадовиќ смета дека НБА не гледа со исти очи кон тренерите од Европа.
- Што се однесува до НБА, никогаш не дојде до ништо сериозно. Пред неколку години бев поканет на интервју. Но, тоа не ме интересираше. Се што треба да се знае за мене е веќе познато. НБА не сака европски тренери, рече Обрадовиќ.
Деветкратниот освојувач на Евролигата, сезоната 2020/21 ја помина без клуб. Во јуни, реномираниот кошаркарски стручњак, по долги години, се врати во Партизан. зс/