• петок, 26 јули 2024

Облачно и ветровито, од попладне дожд

Облачно и ветровито, од попладне дожд
Скопје, 9 јануари 2021 (МИА) - Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7, а максималната од 4 до 11 степени.  Во Скопје претежно облачно, со врнежи од дожд од попладнето. На околните планини ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени. Синоптичарите најавуваат во недела и во понеделник облачно и врнежливо време. Врнежите на места ќе бидат пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен. бак/вј/

Остани поврзан