• недела, 30 јуни 2024

Облак се надева дека ќе ја освои Лигата на шампионите со Атлетико

Облак се надева дека ќе ја освои Лигата на шампионите со Атлетико
Мадрид, 30 јануари 2021 (МИА) - Голманот на Атлетико, Јан Облак призна дека сонува да ја освои Лигата на шампионите. - Не знам дали ќе ја освојам Лигата на шампионите, но секоја сезона има шанси за тоа. Кога ќе започне сезоната, сите сме на исто ниво во групната фаза. Се надевам дека Атлетико има шанса да ја освои Лигата на шампионите. Нема ништо поубаво од освојување на овој турнир со Атлетико, изјави Облак за „Cadena SER“. Во 1/8 финалето на турнирот оваа сезона, тимот од Мадрид ќе се соочи со Челзи. Првиот натпревар е на 23-ти февруари. зс/

Остани поврзан