• четврток, 21 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
18 февруари 2020 (МИА) Нaродни умотворби од Преспа под Албанија  Името на Иван планина по чупата Ивана Два беќара а сака чупата Ивана. И со обата татко му на чупата беше добар, не бе карани. Да му е дај на еднио, ќе се љути другио и обратно. Зато тој им рече: -Ивана ќе бидит горе на в’рво. Вие ќе крените врешта по 50 ока сол или што да бидит. Кој прв ќе стаса тој ќе а земит Ивана. Ко деци млади, обата крена врештата и уп угоре. Бара, бара и ко дојдо до в’рво, кај Ивана, пукна обата. Од жал за ним и чупата Ивана пукна. Тамо са закопа три горишта. Од тога са вика Иван Планина. Трите дена на старите Излезе марта, влезе април и ајде бабата горе на Галичица во овците кај „Пија Вода“ и му рече: -Пасете овци, пасете и посерете му се на Марта во брадата! Тога марта му рече на априла: -Априле лиле, мој побратиме, дај ми три дена и три ношја да а замрзна бабата со се овците. И му даде април три дена и три ношја и марта а замрзна бабата со се овци. И ден денеска се познаве камењата на „Пија Вода“. Се познаше и местото, арно ама го расипа војната за вода. Извава вода и го расипа местото. Валбата на Крале Марко Са валел Крале Марко: -Да ми а дает земјата, а кревам. Чул Господ и му излегол на патот што одеше Крале Марко со коњот, со сабјата, едно друго и една торба имал пуштено до него. Ко дошол Крале Марко му рекол стариот: А бре момче, поткрени ми а торбава да а кла на рамо. Марко го опулил. Е извал сабјата да му е поткрени торбата. Арно ама ко опнал, му се видело многу тешко. Слегол. Ватил со раци. Му потонале нозете в земи до колена. Тога го удрил Господ во полојната и му рекол: -Помалу да си јунак, појќе да си итар. Преспа Цар Самоил имал една чупа, ќерка. А викале Преспа. Како имот а го дале овој крај на Преспа. И по нејзиното име на сата Преспа (Голема и Мала) и на Преспанското Големо и Мало Езеро. Коледа леда Коледа, леда, паднала греда, го удрила деда, дрдо роди артиче, си го зави в крпиче, дури да дојди другото, да ти прни во увото. Бери са оро големо Бери са, оро големо, наутро да се собереш, навечер да се разделиш. Ај со здравје Божикден, да ни го пуштиш Водици. Тримир посте Бога моле Тримир посте, Бога моле, ко ќе дојди златна стреда, да расипе тримирките, да зарадве наше попче, со овошје, со литурје, на Водици со сланинки, на Велувден сао јајцина, на Гуинаро со шинико, на Крстовден со мисуро, венчавката со погачи, крштавајне со сапуни, подзгорнина со сто леки. Ластоице, грамотнице Ластоице, грамотнице, на ти сино и зелено, дај ми бело и црвено. Оваа песна им се пее на ластовиците во март, т.е. по нивното доаѓање од топлите краишта. Од книгата „Преспа под Албанија“ од од д-р Стојан Ристески, Охрид 1993. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан