• петок, 22 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
22 април 2021 (МИА)  Од колективното паметење Владиката ги учи селаните Во едно село, кога служил попот литургија, не го слушале селаните, си играле в цркоф играчки. Попот пошол коде владиката да се плачет. Дошол владиката в село да ’и поучит сељаните. Утрината зеле да служит, а сељаните да вревит како што си имале адет. Викнал попот од олтар: - Млчите сељани, шо је таја врева! Аљ владика облакаме или на магаре самар клаваме? После влегол владиката во столот, шмркал во нос мрва бурмут. Го видел некој старец си го наполнил чибукот со тутун, пошол да го запалит од свешманикот. Свикал владиката: - Какви рисјанеи сте, пијете в цркоф тутун? А старецот му рекол: - Овеја (тутунот) и теја (бурмутот) не је едно гомно? После владиката зел да кажуват слово. А еден старец спроти него зел да плачет и да ронит слзи. Владиката го видел коде плачет и си рекол сам со себе: „Сполај го, Господе! Имало овде еден рисјанин!“ Откако свршиле литургијата, сетил од речта своја, (старецот) си избегал дома и селаните по него си пошле дома. А владиката останал пред цркоф сам. Прашал некого: - Коде му је куќата на старијот шо плачеше в цркоф? Во теја време врвеле тује говедата селски. Му одговориле: - По говеда оди, господине; ќораво ќа посли во куќата негова. Владиката пошол таму. Му рекол на старијот: - Многу ми беше мило, кога те гледаф кога плачеш, кога кажуваф словото в цркоф. А старијот му одговорил: - Како да не плача, владико свети? Кога имав еден јарец, ми се уцркали од една краста, брадата му беше иста како твојата! Кога кажуваше словото ти, мене ми текна за него и ми се дожали. Зате ми се заплака. А владиката од моки рекол: - Аљи мат негде место да се прошетам? Излегле над куќата под една сенка. На владиката му се сопило вода, му кажал на старијот да му донесе. Му донесле за почестија во некој череп шербет од круши. Владиката чинел али је вода, се напил не му дошол шербетот на табијет, го фрлил черепот го скршил. А старијот му се развикал: - Господине, господине! Не ти го донесофме черепот да го скршиш, токо да пијеш. Бабата три години се мокала во него, а сега во шо ќа се мокат, ал в капата? Од книгата „Зборник на Панајот Ѓиноски од село Галичник од дебарско“, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Скопје 1995. ДУЌАНОТ ЈЕ СКРШЕНА НОГА Си бил еден мајстор шо не содвовјал од дуќанот. Си имал и калфа – ученик. Ученикот толку му бил искрен и зато газдата ногу го сакал. Еден ден напр’јле тава мајсторите – ерифене, и ошле да јадет надвор. Мајстороф ошол на ручек и се завртил појќе от шо требело. Во то време идет еден селанин, го побарвит мајсторот и го опитвит детето? - К’де ти је мајсторот? Детево му рекло: - Мајсторот је овдека, сега ќодам да го викнам. - А бре, не сум за вртејне, брзам. - Ами кажи ми з’ш го бараш? И тој му казал оту имат еден ск’п камен, а мајка му му дала на детево едно черече да купит шекер, гас, брашно – едно, друго, во куќата шо им требело. И детево г опитало: - Колку пари бараш за ова: А чојекот сељанинот рекол: - Едно черече ќе ми дајш. Детето з’ш не знајело колку пари чинит одвај му и дало, веке, парите. Го клало камчето в џеп. Ко дошол мајсторот не му казал з’шчо му било стра дан го бијат. З’ш то време и бијаа мајсторите калфите, а не ко сега им даваме пари и тије ни се пенгели. И детето вечерва дома је кажвит намајка му оти нишчо не купило за парите. - А бре, синко, париве не ги искоцка ти, не ги испи. Не ги даде париве по ава. Можда среќата твоја је овдека?! – рекла мајка му. После три години детево излегло от к’ј мајсторот, ама немало капитал д’отворит дуќан. Во тоа време иделе некој тргофци шо барале такви камчина, бесцени камејна, едно, друго и ова дете ќ’ојт да и опитат, овје луѓево, колку пари чинит ова камче. Му рекле: - Десет илјади грошој. И то си рекло во себе: Штом овје ми давет десет илјади грошој ова је вредно и појќе. Зато заминвит како Битола потака, опитвит на друго место, му давет педесет илјади грошој, на друго ушче појќе и го продал за сто илјади гроша. То време тије пари биле големи. Шо не се прајело. Го продал то камче и си напрајл една куќа, скромна си напрајл едно дуќанче, си отворил, с’имал капиталче, стока и си почнал да работит. Мајсторов се чудит, от к’де детево... скинато... сиромашко беше... Ојт со пешчеш за куќава и му влегвит дома и му честитвит и г’опитвит: - Да ти је честито све, да ти је алал занајетот шо ти го дадоф, ама ќе т’опитам нешчо, да ми кажиш, отк’де олку пари? - Тој и тој ден ко беше на ручек, мајка ми ми имаше дадено едно черече, да купам гас, масло, шеќер и дојде еден чојек и ми понуди камче. Јас го купив. И ко дојде ти, ми беше стра дан ме бијаш и караш, не ти казаф и је г’однесов на мајка ми. Одев и со стра к’ј мајка ми дан ме карат и дан ме бијат, а та ми рече: убо сум сторил шо не сум донесол нишчо дома, не сум и испил, не сум ги изел, туку: „Остај го овде ќо клајме. Чудо големо з едно черече! Ќе дајт Госпо од друго место.“ То, камчето ојдов на друго место го продадов. Ми дадоје прво десет илјади, после во Битола ми дадоје сто илјади грошој. Оттука је ова богатство што сум го стекнал јас. Тога мајсторот зема чекан, је кршит ногата во коленото и зато оттога се викат оти дуќанот је скршена нога. Од книгата „Викторија Поп Стефанија“, Народно творештво 2, од Драги Стефанија, Охрид – Струга 1987. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан