• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
6 јуни 2021 (МИА) Народни пословици и поговорки  За брада е мака, да за чешки колку ти душа сака. За брате до море, а за љубе преку море. Завислив богат од сиромав ум не прима. Зависта очи изват. За волкот зборвиме, а тој бил зад врата. Заврнаа снегои, покрија траги. За гуска м’ска (оди). Зад грбо и царо се псуа. За дете раѓање колај, за гледање је мака. Задрогазе дете има криво носе. За инает и врешче сол се јајт. За инает и Марко Крале би се потурчил. За лисица кокошка, за ергенче девојка. Залудо да имаш, кога не знаеш да си поминиш. Залудо работи, залудо не седи. За магарината седло не требит. Занаетот е златен. Занајат без алат не бива. За ошчо да јадам врапче, кога има прасе. За ошчо му е глава, кога му е празна. За стар мачорок глувче требит. За таква глава таков брич. За торба удра вера не се менвит (вера не менвам). За туѓо леле не треби плачење. Збеснал како мачка во сечка (или: како волци во сечка). Збирај на младос за да имаш на старос. Зборењето е сребро, а молчењето злато. Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа. Зборот збор отворат. Зборот рани отворат. Зборуат како празна воденица. Зборувај си на ѕидо (ако немаш работа). Здрава нога в трн на клавај си. Здрав болен не верува. Здравје без пари, готова болес. Земјата арамија не е. Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка? Зет је поцрн од гавран. Зет мед, син пелин. Зетоа окрепа (рамна е со ) врбоа огреа. Зет рода (ако имаш, како) магаре стока (да си имал). Зла свекрва на позла снаа. Зло за зло не враќај. Зло трн зла копачка. Змија голаб не рожџат. Змија и жена вера немат. Змија со гола р’ка (со голи р’це) не се фашчат. Змијата не к’свит за најас, а за пакос. Змијата не си кажвит ногата. Змија шчо не к’сат, (илјада години нека си бидит жива. Зрно по зрно погача. Ѕвонец на свиња не се бесит. Ѕиздат кули под облаци. Ѕид без малечки камчиња не стоит. Ѕид со глава не се туркат. И баба знае да прае шарен зелник, кога има шарилце. И без петли може да осамне. И во јајцето влакно би нашол. Идет време носит бреме. Иди коло на тркало. И занајато без алат може да биде занајат. Извади си прво гредата шчо е во очите твои, та после да видиш раската (шчо е) во очите на другите. Изгорел на кафето та дува на ракијата. Изгуби и ума и дума. И ѕидот има уши. И итриот се лажит како будалата што се лажит. И ја можам и коњ можит, кога Господ не поможвит. И јасиката е висока ама ја серат страчките. И коњо познава што човек го вјават. Или вино (дај) или вода, или кажи да си ода. Имаешчем маша (за фашчање огнот), зашчо да си горам прстите. И мајка знаи зелник да праи, ама ако има мас и брашно. Имајќи маша не си горам рацете. Има ли алат има и занајат, нема ли алат, нема занајат. И малото камче можит кола да превртит. Има лошо, има и полошо. Има ракија, има лакрдија, нема ракија, нема и лакрдија. Имат работа, имат пари, немат работа немат пари. Имат ука (наука), ама имат и одука. Има у мнозина ум, ама у малцина разум. Имаш ли грб самари триста. Имаш ли мајка, имаш и татко; немаш ли мајка, немаш и татко. Имаш пара, имаш фара. И моето петле ќе пропеит. Инаетот и од медот е поблаг. Инаетот коски немат, (ама) коски кршит. И пес од сој се барат, камоли човек. И петелот му носит јајца. И племаната изгоре, ама и глувците. И прчот имат брада. Иска си платното, ритна кросното. И с’нце да сум, пак не можам насекаде да греам. И танец гледајте и на дупка гледајте. Итар како змијулче, кроток како гулапче. Итер бил – та зимал, улав бил та давал. Итра лисица в стреде стапица. Итрите дури да го преесапат веков, будалите ќе го поминат. Ит’р се лажи, глупав се рани. И ќората кокошка мојт да најт зрно. И у нас петел пое. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан