Обилните дождови предизвикаа поплави и несреќи во Чешка
- Обилните дождови и невремето во Чешка денеска предизвикаа поплави и серија несреќи, вклучително и железничка несреќа.
Прага, 30 јуни 2022 (МИА) - Обилните дождови и невремето во Чешка денеска предизвикаа поплави и серија несреќи, вклучително и железничка несреќа.
Брз воз со околу 150 патници удрил во карпа, која паднала врз шините кај замокот Карлштајн кај Прага.
Локомотивата и првиот вагон излетале од шините, а пет лица се полесно повредени, соопштија спасувачките служби.
Како што наведуваат, бидејќи имало опасност од дополнителни одрони во областа, трасата засега останува затворена.
На некои места, реките се излеани од нивните корита. Во Крумлов во јужна Чешка, потокот Полецница, притока на Влтава, ги поплави куќите покрај улицата.
Низ целата земја, противпожарните бригади добија стотици повици да ги испумпуваат подрумите и да ги расчистат соборените дрвја од патиштата. Од град на повеќе места има оштетени автомобили и покриви.
Националната метеоролошка служба предупреди за ново невреме. паг/