• понеделник, 23 декември 2024

Обезбедени два милиони денари за Охридскиот пливачки маратон од општинскиот буџет

Обезбедени два милиони денари за Охридскиот пливачки маратон од општинскиот буџет
Охрид, 26 август 2022 (МИА) - Советот на Општина Охрид на денешната седница донесе одлука за пренамена на два милиони денари за организација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон. Со мнозинство гласови советниците ги усвоија предлог-програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година. - Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организациски одбор, кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на потребната логистика, информира општинската прес-служба. сс/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан