Обвинителство бара притвор за дилер кој продавал дрога на 14-годишни деца
- Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против лице осомничено за повеќекратно продавање марихуана и овозможување нејзина употреба на малолетници, од кои некои имале само 14 години. Случајот се однесува на дејствија извршени во текот на 2024 и 2025 година.
Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против лице осомничено за повеќекратно продавање марихуана и овозможување нејзина употреба на малолетници, од кои некои имале само 14 години. Случајот се однесува на дејствија извршени во текот на 2024 и 2025 година.
Како што соопштуваат од Обвинителството, лицето се сомничи за продолжени кривични дела поврзани со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, како и овозможување употреба на дрога.
-Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба, стои во соопштението од ЈО.
Дополнуваат дека јавниот обвинител поднел предлог до Основниот суд во Битола за определување мерка притвор за осомничениот. ар/нд/
Фото: МИА архива