• понеделник, 23 декември 2024

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Обвинителството во овој случај постапува и дежурен обвинител има излезено на лице место, има дадено одредени насоки во однос на криминалистичко прибирање на доказен материјал и негово обработување, но фазата на откривање е во целост на органите на откривање, во овој случај МВР,  изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.

Одговарајќи на новинарско прашања, до каде е истрагата за убиството на Кале, Бубевски, рече дека согласно Закон за кривична постапка за вакви кривчни дела, прво орган што се известува е МВР, а веднаш потоа и Обвинителството.

- Координацијата на сето тоа го прави јавен обвинител, меѓутоа откривачка функција и начинот на кој ќе дојдат до одредена трага, сознание и сето тоа, сепак е криминалистичка работа, која повеќе познавање и знаење има полицијата, изјави Бубевски.

Она што треба јавниот обвинител да го даде, посочи Бубевски, е дадено и тоа е се што можам да кажам во овој момент.

Прашан до каде се истрагите за претходните мафијашки пресметки и убиства, како таа на Рузвелтова, Бубевски, рече дека сите нерасчистени убиства не се затворени предмети и за нив се прибира доказен материјал.

- Некои се споредуваат дали се појавуваат исти работи на различни места. Се уште ова е фаза на постапка, каде не можам да кажам дали ќе има конкретен завршеток за одреден од нив, изјави Бубевски. аа/ац/

 Фото: МИА

 

 

 

 

 

Остани поврзан