• понеделник, 23 декември 2024

Обвинителен предлог против демиркапиец, преку интернет поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата 

Обвинителен предлог против демиркапиец, преку интернет поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата 

Демир Капија, 10 февруари 2024 (МИА) - Обвинителен предлог е поднесен против демиркапиец, преку интернет поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата, информираа утрово од Јавното обвинителство.  

- По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело,  Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. 

Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. свд/aa/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан