• недела, 22 декември 2024

Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње

Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
- Првиот обвинет од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот обвинет со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот обвинет бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена, се вели во соопштението од ОЈО. Со цел непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.​​ аа/ац/

Остани поврзан