• недела, 22 декември 2024

Обама и Спрингстин ја поддржаа Камала Харис на митинг во Џорџија

Обама и Спрингстин ја поддржаа Камала Харис на митинг во Џорџија

Атланта, 25 октомври 2024 (МИА) - Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател на САД, Камала Харис, одржа предизборен митинг во близина на главниот град на американската држава Џорџија, Атланта, на кој учествуваа поранешниот американски претседател Барак Обама и пејачот Брус Спрингстин.

Ен-Би-Си објави дека вчерашниот настан е првпат Харис и Обама да учествуваат на предизборен митинг пред изборите на 5 ноември.

На митингот во Кларкстон, предградие на Атланта, Харис му се заблагодари на Обама за неговата поддршка и доверба.

Спрингстин на собирот рече дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп учествува на изборите за, како што наведе, да стане „американски тиранин“, како и дека не ја разбира Америка, нејзината историја и што значи да се биде Американец, јави „USA Today“.

Пејачот додаде дека Харис „сака да ја заштити и води“ големата американска демократија и верува во владеењето на правото.

Висок претставник од предизборниот тим на Харис-Валц претходно за Ен-Би-Си  изјави дека изборниот штаб на смета дека појавувањето на Обама на митингот може да помогне во убедувањето гласачите да се определат за Харис.

Обама е сè уште популарен во САД и тој останува единствениот претседател по Роналд Реган кој двапати победил на претседателските избори со повеќе од 50 отсто од гласовите.

Обама, исто така, неделава му се придружи на демократскиот кандидат за потпретседател, гувернерот на Минесота, Тим Валц, на митингот во Медисон, Висконсин.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан