• вторник, 26 ноември 2024

НХЛ може да го одложи почетокот на новата сезоната за 1 февруари

НХЛ може да го одложи почетокот на новата сезоната за 1 февруари
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) – Раководството на најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ, може да го одложи почетокот на сезоната 2020/21 за 1 февруари, пренесува инфо-каналот „Хокеј без гледачи“. На оваа тема веќе се водат преговори меѓу лидерите на клубовите и комесарот на лигата, Гери Бетман. Доколку се донесе одлука за пролонгирање на стартот, тренинг камповите ќе се отворат во средината на јануари. Претходно, датумот на почеток на регуларната сезона беше 13 јануари, а камповите се очекуваше да се отворат на почетокот на новата година. зс/

Остани поврзан