• петок, 22 ноември 2024

НФЛ: Ријана ќе настапи на следниот „Супербол“

НФЛ: Ријана ќе настапи на следниот „Супербол“

Лос Анџелес, 26 септември 2022 (МИА) - Националната лига во американско рагби - НФЛ објави дека Ријана ќе настапи на полувремето на „Суперболот“ следната 2023 година.

Пејачката, чии обожаватели со години го очекуваат следниот нејзин албум, неколку минути претходно на Инстаграм објави сликовито-симболична фотографија од рака којашто држи рагби-топка. Ријана, инаку, беше поканета да настапи на полувремето во 2019 година, но одби во знак на поддршка кон Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клекна за време на националната химна, протестирајќи против полициската бруталност врз Афроамериканците. Настапот на Ријана на полувремето ќе биде нејзин прв поголем настап по 2018 година. Таа нема издадено нов албум од „ANTI“ во 2016 година, а во меѓувреме се занимаваше со мода, шминка и долна облека. Таа, исто така, го роди своето прво дете со раперот АСАП Роки оваа година. Следното, 57. финале на НФЛ-шампионатот ќе се одигра на 12 февруари 2023 година на стадионот Стејт Фарм, домот на Аризона кардиналс во Аризона. Со текот на годините, настанот го обележаа изведби на Мајкл Џексон, Мадона, Џастин Тимберлејк, Џенет Џексон, Бијонсе, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Принс, Шакира, Бруно Марс... На спектаклот оваа 2022 година присуствуваа Еминем, Д-р Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и гостинот-изненадување Фифти Сент. си/

Остани поврзан