• понеделник, 23 декември 2024

НУ Народен театар - Битола гостува на фестивал во Бјалисток, Полска

НУ Народен театар - Битола гостува на фестивал во Бјалисток, Полска

Битола, 10 октомври 2022 (МИА) - Ансамблот на НУ Народен театар - Битола отпатува за полска каде на 13 октомври во градот Бјалисток, во рамки на тамошниот фестивал ќе биде изведена претставата ,,Бакхи - Краток преглед на распадот'' во режија на Игор Вук Торбица.

 

Во претставата главната улога ја толкува Маја Андоновска Илијевски, а настапуваат и Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

На фестивалот учествуваат театри од Ерменија, Литванија, Украина, Полска и Грузија, посочија од секторот за односи со јавност на НУ Народен театар-Битола. мт/дма/

Остани поврзан